Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
Претседателот на Собранието Африм Гаши, по повод големиот муслимански празник – Рамазан Бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед со желби за добро здравје, мир, радост и благосостојба...

По повод Фитр Бајрам, срдечно ви посакувам мир, здравје и благосостојба за вас и вашите семејства!
По еден месец посветеност, размислување и жртва, Рамазан нè потсети на вредностите на трпението, понизноста и солидарноста. Со желба вашиот пост, молитвите, добрите дела и обожувањето да бидат прифатени, да продолжиме да ги негуваме добрината, почитта и соработката во нашето секојдневие.
Нека овој празничен ден биде момент на зближување, кој ќе ги зајакне нашите врски и ќе нè инспирира за поголема грижа еден кон друг.
Во мое лично име и во име на Собранието на Република Северна Македонија, ви го честитам Рамазан Бајрам со желба да го дочекате уште многу години! - се вели во честитката упатена од спикерот Гаши.
