сдсм
Филипче: Да ја градиме нашата држава како дом за сите – праведен, солидарен и обединет
20.03.2026 11:07
Честитка по повод празникот Рамазан Бајрам до сите верници од исламска вероисповед упати лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој пожела празничните денови да донесат здравје, мир и благосостојба во сите домови...

Нека овие свети празнични денови донесат здравје, мир и благосостојба во сите домови.
Рамазан Бајрам е празник кога се слави хуманоста, кога се зацврстува меѓусебната почит и разбирање, кога најсилно се чувствува вредноста на заедништвото. Со почитување на овие вредности, да продолжиме да ја градиме нашата држава како дом за сите – праведен, солидарен и обединет, затоа што различностите се наша сила, а заедништвото наша најголема вредност.
Честит и за многу години Рамазан Бајрам! - напиша во честитката Филипче.
