Јужна Кореја
Пожар во фабрика за автоделови во Јужна Кореја
20.03.2026 20:07
24 лица се сериозно повредени, а многумина вдишале токсичен гас или паднале од зградата...

Најмалку 53 лица се повредени, а 14 се исчезнати по пожар во фабрика за автоделови во јужнокорејскиот град Деџеон. 24 лица се сериозно повредени, а многумина вдишале токсичен гас или паднале од зградата. Едната од двете згради е целосно изгорена, а гаснењето е опасно поради 200 килограми натриум во фабриката.
Пожарникарите и хеликоптери се на терен, а претседателот нареди мобилизација на сите ресурси за спасување и локализирање на пожарот.
