Апел за одговорно сопствеништво над миленици
Струмица три години има стационар кој врши заловување и хуман третман на улични кучиња но бројката никако да се намали. Од јавното претпријатие повикуваат на одговорно сопствеништво врз домашните миленици. Струмичани пак со страв пешачат по парковите …

Струмичани мора да сфатат дека домашните кучиња не се играчка. Кога се мали се мили а кога ќе пораснат да ги остават на улица. Вака вели Томе Михаилов директор на струмичкиот Стационар Лана според кого недостасува одговорно сопствеништво
Струмичани пак велат дека уличните кучиња сè уште ги има и претставуваат реална опасност при пешачење.
Јавното претпријатие Стационар Лани низ кампањи се обидува да ја подигне и свеста за вдомување на улични кучиња.
Стационар Лани работи веќе три години и ги поседува сите услови за престој и хуман третман на заловените кучиња.
Лани во Струмица биле заловени 240 кучиња од кои 170 за првпат кучиња кои не се третирани а се претпоставува дека се оставени или донесени во Струмица од несовесни граѓани.
Ване Трајков
