Расте интересот за Еразмус плус програмата кај младите во Струмица
Расте интересот кај младите во Струмица за Еразмус + програмата преку која гледаат можност за иселување во земјите на ЕУ. Од националната агенција за европски образовни програми тврдат дека програмата не е билет во еден правец. Досега околу 300 средношколци биле во Европа преку оваа програма...

Елена Николова од Струмица годинава ќе го заврши своето средно медицинско образование. Високото го планира надвор од земјава бидејќи воочила што нудат европските држави. Преку Еразмус плус програмата таа била две недели на пракса во Кордоба Шпанија каде и понудиле и работа.
Еразмус плус програмата не е билет во еден правец, вели директорката на Националната агенција за европски образовни програми Ана Михајлов. Според неа македонските ученици и млади по своето образование воопшто не заостануваат од европското.
Во Струмица Националната агенција и средните училишта и граѓански организации кои се вклучени во оваа програма ги презентираа досегашните резултати.
Над 300 средношколци од Струмица и 80 просветни работници досега биле вклучени во Еразмус плус програмата преку биле во земјите членки на ЕУ каде стекнале нови искуства и вештини.
Ване Трајков
