Прослава на празникот Рамазан Бајрам во мешан брак
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам празникот на мирот, спокојството во домот, заедништвото. Се чекаат и гостите. Екипата на МТВ беше на гости во прилепската населба Тризла со христијанско-муслиманско население од памтивека кај мешовито семејство кое ја следи традицијата на населбата…

Мир, смиреност, сплотеност на заедничка маса на празникот Рамазан Бајрам. Така е во петчленото семејство Сулејманоски во повеќеетничката прилепска населба Тризла. 29-дневен пост за прочистени душа и тело, раноутринска посета на џамијата на празникот, па вечното почивалиште на најблиските, заедничка трпеза и пречек на гости. И од муслиманската и од христијанската вероисповед.
И заедницата на младата брачна двојка Кристина и Озген почнала како и нивната населба – христијанско-муслиманска. Кристина решила да го следи животниот пат на сопругот. На гости се чекаат и роднините христијани, а младите ќе ги посетат за Велигден.
Адетите за Рамазан Бајрам значат и да се проба познатата баклава со барем 100 слоеви. Колку повеќе, толку е подобра домаќинката.
Елизабета Митреска
