Брисел

Европа бара начини за испорака на заемот за Киев

20.03.2026 18:01

Жртви и ранети во продолжените руски напади врз Запорожје. Европскиот заем од 90 милијарди евра за Киев и по Самитот во Брисел остана блокиран. Унгарскиот премиер Орбан децидно одби да ја тргне блокадата додека Украина не ја пушти нафтата. Европските лидери јавно го обвинија дека ја држи заедничката политика заложник на сопствените изборни и енергетски пресметки...

Познатите несогласувања на релација Брисел-Будимпешта резултираа со ново вето на Орбан на европскиот заем за Украина. На последниот Европски Совет блокиран е заемот од 90 милијарди евра за Киев, по што Орбан, харизматичниот унгарски премиер во пресрет на априлските избори во земјата изјави-нема руска нафта, нема пари.

„На вратата во моментов ни тропа глобалниот недостиг од нафта. Затоа однесувањето на европејците е налудничаво. Дефинитивно ни треба руската нафта. Европа нема да преживее без руска нафта. Ќе видите што ќе се случи за една или две недели“, изјави Виктор Орбан премиер на Унгарија.

Парите ќе му бидат испорачани на Киев, не е битно на кој начин, возвратија европските лидери.

„Европските лидери го осудија ставот на Орбан. Договор си е договор, мора да си го почитува зборот и да не ја уценува Европската Унија“, изјави Урсула Фон дер Лајен.

„Она што го прави Унгарија е тотално неприфатливо. Затоа лидерите на Советот го осудија однесувањето на Унгарија по ова прашање“, изјави Антонио Кошта, претседател на Европскиот Совет.

Во време на хроничен украински недостиг од оружје и муниција, Орбан вторпат стави вето на европските пари. Во трката по нафтата и природниот гас, Европа се соочува со енергетски шок бидејќи увезува 90 насто од двата енергенса. Тоа ја поставува Москва во надредена позиција, која продолжува со бомбардирањата во Украина и притиска за преговори со американско посредство. Билатералните разговори САД-Украина се закажани во текот на утрешниот ден.

„Тоа се билатерални контакти меѓу Украинците и Американците. Овој застој е привремен, се надеваме дека е така. Што се однесува до трилатералните преговори, веруваме дека ќе продолжат набрзо“, изјави Дмитри Песков, портпарол на Рускиот претседател Путин.

„Парите ќе му бидат испорачани на Киев, не е битно на кој начин, возвратија европските лидери“, изјави Урсула Фон дер Лајен.

„Имаше застој во преговорите, време е да заврши. Како и војната на Русија против Украина. Приоритет ни ие да направиме се за да се постигне достоинствен мир. Утре, украинскиот тим се состанува со американскиот во САД“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Руските оружени сили продолжуваат офанзивата врз незаземените градови во Доњецкиот регион. Бомбардирањата од воздух и од земја не престануваат, се евакуираат околу 60 илјади жители на Дружовка, град оддалечен 700 километри од престолнината Киев.

Зоран Богатинов