Холивуд

Почина актерот Чак Норис

20.03.2026 17:40

Чак Норис стекна слава, освојувајќи серија шампионати во карате кон крајот на 60-тите години, а неговото пријателство со Брус Ли му донесе улога во „Патот на змејот“, што му ги отвори вратите на Холивуд.

На 86-годишна возраст, почина легендарниот актер во акциони филмови и мајстор на боречките вештини, Чак Норис. Веста ја потврди неговото семејство. Чак Норис стекна слава, освојувајќи серија шампионати во карате кон крајот на 60-тите години, а неговото пријателство со Брус Ли му донесе улога во „Патот на змејот“, што му ги отвори вратите на Холивуд.

Глумеше во многу акциони филмови, меѓу кои „Инвазија на САД“ и „Делта одред“, а култниот статус го достигна со хит-телевизиска серија „Вокер, тексашкиот ренџер”. Во подоцнежните години, Норис изгради и одреден политички профил преку неговата отворена поддршка за десничарските политички каузи.