Придобивките од ИКТ во фокус на регионалниот форум за интернет владеење во Скопје

15.09.2014 14:19

Три милиони луѓе сеуште немаат достапен интернет , значаен за глобалната економија и за социјалата - поле на кое треба да се фокусираат сите фактори во иднина – беше посочено на конференцијата...

Провирање на придобивките на информациско- комуникациските технологии (ИКТ), споделување иницијативи и политики за интренет владеење на регионален форум во Скопје. Три милиони луѓе сеуште немаат достапен интернет , значаен за глобалната економија и за социјалата  - поле на кое треба да се фокусираат сите фактори во иднина – беше посочено на конференцијата.

„Очекувам на овој Регионален форум да ги промовираме придобивките од информациско - комуникациските технологии и да споделиме заеднички иницијативи и политики во однос на интернет владеењето. Исто така, да ги разгледаме можностите за развој на платформа за иницирање регионални активности на ова поле“, рече во своето обраќање министерот за информатичко општество, Иво Ивановски.

Извршниот директор на Интернет корпорацијата за доделување имиња и броеви (ICANN), Фади Шехаде се осврна на важноста од користењето на  интернетот од страна на малите земји, кое меѓу другото  е битно и за развојот на економијата.

„Треба да изнајдеме начин како интернет владеењето  да стане и економски, а не само општествено важно. Користењето на интернетот од страна на малите земји е битно за да се има отворен пристап кон светот, да се промовираат културните вредности, наспроти изолацијата. Вклучете ги сите засегнати страни во донесувањето на интернет одлуките“, им порача Шехаде на присутните.