Живот

Луѓето со Даунов синдром соочени со многу проблеми

21.03.2026 17:33

Полнолетството, кошмар за родителите на децата со Даунов синдром. Нема младински центри, ниту некој сака да ги вработи, финансиската помош е мала. На Светскиот ден испратена порака – ние сме различни по нешто, но еднакви по вредност...

Таа ќе биде до него додека дише, но кој ќе се грижи за Стефан потоа, е прашањето што ја мачи Сузана Бошковска, мајка на дете со Даунов синдром. Таа до пред 5 години работела, а за Стефан се грижел татко му се до неговата смрт. Сега живеат од пензија, а откако ќе наполни 26 години, Стефан ќе добие 5.000 денари туѓа нега, премалку пари за живот.

Проблемот се јавува уште кога децата ќе станат полнолетни. Нема младински центри, а ретки се оние кои им даваат можност да работат. Родителите имаат забелешка и на проценката на функционирањето и попреченоста што ја прават центрите.

Додека надлежните да направат реална проценка и да им пружат рака на родителите и на лицата со Даунов синдром, тие битката ја бијат сами.

 

Наташа Јанчиќ Менковски