Семејно насилство

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

21.03.2026 16:11

Само во последново деноноќие се пристигнати седум пријави. Уапсени се вкупно шестмина...

Семејното насилство и натаму ги полни полициските билтени. Само во последново деноноќие се пристигнати седум пријави. Уапсени се вкупно шестмина. Кумановец ја нападнал 32-годишната сопругата, исти случаи има и во Валандово, Струмица, Виница. 33-годишен скопјанец отишол чекор понатаму, па освен сопругата, физички го нападнал и нивното малолетно дете. Во главниот град, син го нападнал татка си.

Против сите ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.