Заштита на Македониумот и црквата во Трескавец
Заштитата на Македониумот од прокапување, а подоцна и целосната негова реконструкција, како и конзервацијата на црквата во Трескавец се прогласени за капитални проекти на кои годинава ќе се работи. На двете монументални културни добра мора да им се симне епитетот споменици во опасност…

До лето треба да се реши опасното прокапување на Македониумот во Крушево. Работите не можеле да почнат уште есеноска, како што беше најавено, зашто два тендери пропаѓале. Министерството за култура одвои 5,5 милиони, а за основен проект за целата реконструкција и заштита на Македониумот уште 4,5 милиони денари.
Конечно ќе почнат и работите на заштита на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Трескавец. Годинава мора итно да се направи конструктивната консолидација и отстранувањето на влагата која е најопасна за уништување на фреските од 12 век. На располагање се 4 милиона денари.
На заштитата на фрескосликарството ќе работат и византолози од Грција.
Елизабета Митеска
