Денеска парламентарни избори во Словенија
Земјата е поделена на осум изборни единици, од кои секоја вклучува единаесет изборни единици, со вкупно милион 698 илјади 352 лица со право на глас, а во секоја изборна единица се распределени 11 пратенички места...

Словенија ги одржува 10-тите парламентарни избори по независноста. Земјата е поделена на осум изборни единици, од кои секоја вклучува единаесет изборни единици, со вкупно милион 698 илјади 352 лица со право на глас, а во секоја изборна единица се распределени 11 пратенички места.
Има 1.179 кандидати на 17 листи, вклучувајќи 15 кои се кандидираат на национално ниво. Претендираат за 88 места во Националното собрание, а уште шест кандидати се кандидираат за две места, резервирани за италијанската и унгарската етничка заедница. Изборниот праг е четири проценти.
Гласачите ќе одлучат меѓу движењето за слобода, предводени од актуелниот премиер Роберт Голоб и Јанез Јанша и неговата словенечка демократска партија.
