Блиски Исток: Војната беснее, остри тонови меѓу Вашингтон и Техеран
Оружјето на Блиски Исток не мирува. Иран изврши ракетни напади врз јужниот дел на Израел. Велика Британија распореди нуклеарна подморница во близина на Ормутскиот теснец. Трамп му се закани на Техеран, ако за 48 часа не го отвори каналот, таргет ќе бидат иранските електрани. Иран возврати на ултиматумот-ќе напаѓа инфраструктура на Блискиот Исток...

Конфликтот на Блискиот Исток влегува во критична фаза. Само ден по најавата за намалување на воениот ангажман во Иран, Трамп се закани со уништување на иранските електрани ако Ормускиот теснец не биде отворен во рок од 48 часа.
„Доколку Иран не го отвори целосно, без закана, Ормускиот теснец во рок од 48 часа од овој момент, САД ќе ги нападнат и ги уништат нивните различни електрани, прво почнувајќи од најголемата!“-објави Доналд Трамп, претседателот на САД.
Одмаздата ќе биде жестока, напад врз енергетската инфраструктура на САД и на режимот може да го остави целиот регион во мрак-одговара Техеран.
„Доколку непријателот ја нападне иранската енергетска и нафтена инфраструктура, сите енергетски, ИТ и постројки за слатка вода кои им припаѓаат на САД и на режимот во регионот ќе бидат цел на одмазда.“, изјави Хатам ал-Анбија, портпаролот на Централниот штаб на Иран.
Иран тврди дека теснецот е отворен за сите, освен за непријателите. Истовреме во медиумите се погласни извештаите дека на дел од бродовите им се наплаќа „надомест“ и до два милиони долари за минување низ теснецот, бидејќи војната има своја цена, вели иранскиот пратеник Бороужерди. Тензиите околу теснецот веќе предизвика скок на цените на нафтата и гасот. Аналитичари предупредуваат на можен нов тежок удар врз глобалните пазари ако ултиматумот и заканите не бидат повлечени. Европската комисија ги повика земјите-членки да ги намалат целите за складирање на гас, бидејќи војната влијае на критичните резерви.
Борбите во регионот продолжуваат. Шест лица загинаа во пад на хеликоптер во Катар, Саудиска Арабија го протера иранското воено аташе и дел од амбасадата. Едно лице загина во директен напад врз возило во северен Израел, а по ракетните напади врз Арад и Димона со над сто повредени, Тел Авив најави одмазда.
„Продолжуваме да се бориме против непријателот со решителност. Правејќи го тоа поинтензивно со нашиот американски пријател. Ги удираме до бедра и ќе продолжиме да го правиме тоа сè додека не ги постигнеме сите наши цели“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
„Исто како што лажеа за прашањето за ракетите, така лажат и за нуклеарното прашање. Ако не дејствувавме сега, Европа можеше да се стави под ирански нуклеарен чадор во краток рок. И гледам дека одат напред. Нема да добиеме проповеди од никого, од никого во светот, за оваа праведна војна. Бидејќи со САД, ние ја вршиме работата за заштита на целиот свет“, изјави Нафтали Бенет, поранешен премиер на Израел.
Иран објави дека нуклеарниот постројка Натанз е оштетена од израелски воздушен напад, но нема истекување на радијација. Натанц, заедно со објектите во Исфахан, претставува еден од најважните сегменти на нуклеарната инфраструктура на Иран и се наоѓа во централниот дел на земјата.
Бојана Крстевски
