Светските лидери одржаа кризен состанок во Париз: Нема време за губење!
„Нема време за губење“ наспроти Даеш (Исламската држава), истакна домаќинот на конференцијата францускиот претседател Франсоа Оланд и на ирачкиот Фуад Масум пред преставници на дваесетина земји од коалцијата која се создаде за борба против Исламската држава – (Даеш на арапски) во Ирак и Сирија.

Организацијата „Исламска држава“ е закана за целиот Блиски исток, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд отворајќи ја меѓународнатаконференција за мир и безбедност во Ирак што се одржува во Париз.
„Нема време за губење. Хаосот е во полза на терористите. Затоа треба да ги поддржиме сите кои може да ги направат компромисите за обезбедување иднина на Сирија“. нагласи Франсоа Оланд, претседател на Франција.
Одговорот против џихадистите треба да биде глобален, нагласи Оланд, повикувајќи ги западните и арапски држави да се ангажираат „јасно, лојално и силно на страната на ирачките власти“ кои треба да се поддржат со „сите средства“.
Ирачкиот претседател Фуад Масум не сака војници на теренот, туку воздушна и експертска поддршка.
„Ние сакаме интервенција пред сè на логистички план и посебно интервенција со воени средства, потребно е хуманитарна помош за раселените лица. На воен план, ние немаме потреба од војници кои се борат на тернот. Ние имаме потреба од возушна интервенција“, Фуад Масум, претседател на Ирак.
Ирачкиот претседател побара исто така експертска помош за борбата против тероризмот и да се секне финансирањето на „Даеш“.
На меѓународната конференција учествуваат министри за надворешни работи од околу 30 држави меѓу кои и петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации и соседите на Ирак, Катар, Саудиска Арабија, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати.
Таа се отвори во драматичен контескт со убиството во саботата на уште еден заложеник.
Изутринава Франција најави дека започна со извидувачки летови над Ирак.
Тони Гламчевски
