Здравство

Од идната година програмата за дијабетес под ФЗОМ

22.03.2026 12:50

Од Фондот за здравствено осигурување, од втората половина на годинава планираат олеснување на постапката за терапијата за пациентите со дијабет. Лековите, особено за нефропатија и за кардиоваскуларни заболувања, кои здравство сега ги дели ограничувачки, се планира да бидат на позитивната листа. Од идната година целосната програма за дијабетот преминува во Фондот за здравствено осигурување.

Една година недостига антидијабетна терапија за заштита од кардиолошки и нефролошки компликации кај пациенти со шеќер во крвта. Мозочни и срцеви удари, ампутации се јавуваат кај 30 проценти од дијабетичарите, причина за ова е неквалитетно менаџирање на дијабетесот. Во моментот недостигаат ленти и глукомери.

Соврмена антидијабетна терапија ќе има од втората половина на годинава, уверува директорот на ФЗОМ.

Директорот на Клиниката за ендокринологија е загрижен што сè почесто во амбулантите помош бараат и пациенти на 14 години.

Во Македонија има околу 120-130.000 лица со дијабетес од нив 44.000 се на терапија.

 

Наташа Јанчиќ Менковски