Влада
Мицкоски: Владата донесе одлука, се намалува данокот на ДДВ на бензините и нафтата од 18 на 10%, за да се спречи енормен скок
22.03.2026 15:17
Владата донесена одлука да го намали ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти за да го пресретне очекуваното ново поскапување. Со тоа, цените нема многу да се разликуваат од досегашните...

Владата донесена одлука да го намали ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти за да го пресретне очекуваното ново поскапување. Со тоа, цените нема многу да се разликуваат од досегашните. Премиерот уверува-разработени се повеќе сценарија доколку се влоши кризата.
Мерките доаѓаат како одговор на ценовниот скок на горивата изминатиот период како последица на војната во Иран. Премиерот истакна дека Владата јасно повикува на одговорен однос од трговците и производителите.
