Одлука

Владата го пресретна очекуваното поскапување

22.03.2026 17:38

Владата го пресретна очекуваното, ново поскапување на горивата од утре на полноќ. Донесе одлука да го намали ДДВ-то за бензините и дизелот од 18 на 10 проценти, со што цената на бензините ќе остане речиси непромената, а на дизелот ќе се зголеми за околу 3 денари, но за него ќе се бара и дополнителен попуст од ОКТА. на граѓаните им заштедуваме 200 илјади евра на ден, рече премиерот Мицкоски кој посочи дека се запира синџирот на поскапување на храната, транспортот и услугите. Разработени се и повеќе сценарија во случај да се влоши ситуацијата...

Од 18 на 10 проценти се намалува стапката на ДДВ за горивата – вонредна мерка на Владата за ублажување на ценовниот шок по растот на цените на горивата, предизвикан од војната на Блискиот исток. Премиерот Мицкоски најави дека дополнително ќе се разговара со ОКТА за можноста да се зголеми попустот за дизелот. Одлуката треба да донесе намалување на цената на горивата од 6 до 7 денари по литар, за да се пресретне очекуваното ново поскапување. Во моментов нема потреба за воведување кризна состојба, ниту пак за намалување на акцизата, смета Владата.

Премиерот апелираше до трговците да не профитираат на сметка на граѓаните. Забележани се повисоки цени во одредени марките на дел од производите. Мицкоски најави засилени инспекциски контроли.

Електро енергетскиот сектор е стабилен уверува премиерот, предизвик е цената на мазутот. На седницата во вторник ќе се разговара за ова прашање. Мерката за намалување на ДДВ ќе стапи на сила на полноќ на 23 март, по новите корекции на цените од Регулаторната комисија за енергетика в понеделник. Државните резерви за гориво и за електрична енергија се стабилни и без дополнително снабдување доволни за 60 дена, секако додаде Мицкоски ризици постојат како и секаде во светот, но и владата е подготвена со разработени неколку сценарија за системски мерки.

 

Марина Стојанова - Тонева