Филипче: Мерката е задоцнета и недоволна
Мерката е задоцнета и недоволна, коментира лидерот на СДСМ. Според Филипче, неоправдано се чекало да се реагира и се дозволило да се активира спиралата на раст на основните прехранбени производи. Опозицијата бара да се интервенира и преку намалување на акцизата за горивата...

Зошто премиерот Мицкоски чекаше три недели за да донесе ваква мерка и да ги остави граѓаните да плаќаат поскапи горива, праша лидерот на СДСМ Филипче оценувајќи оти намалувањето на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти е задоцнето и нема да даде ефект.
Филипче се сомнева дека власта ги штити бизнис – интересите на одредени компании на сметка на граѓаните и повика да се прифатат мерките кои ги предложи СДСМ. Оценува дека кризата ќе продолжи да го урнисува стандардот на граѓаните и според него државна помош треба да се обезбеди за земјоделците и граѓаните.
Филипче потсетува дека во ковид кризата Владата на СДСМ имала 110 мерки поделени во 6 пакети вредни 1, 2 милијарди евра за ублажување на економските последици.
Викторија Милевска
