Идентитетот на телото пронајдено кај Зрновци ќе се утврдува со обдукција
По вчерашниот настан кога беше најдено човечко тело во распаѓање кај Зрновска река, градоначалникот на Зрновци со апел да не се создава дополнителна паника со ширење на дезинформации. Се чекаат одговори од надлежните по обдукција на телото. За сега извесно е дека од оваа општина нема пријавено случај на исчезнато лице…

Ден после пронаоѓањето на човечко тело во распаѓање, жителите на Зрновци велат дека се чувствуваат вознемирени и чекаат надлежните да го расчистат случајот. Зрновци е мирно место и нема пријава за исчезнато лице.
Градоначалникот на Општина Зрновци со порака да не се шират сензационалистички информации за случајот кој сега е во рацете на Институтот за судска медицина.
Телото го пронашол жител на Зрновци кој покрај Зрновска река отишол да бере лековити билки
Славица Величковска
