Промовирани четири тома на „Македонски искушенија”

20.12.2013 22:10

Во колекцијата од четири книги се презентирани непобитни историски судбински настани

Во колекцијата од четири книги се презентирани непобитни историски судбински настани, кои во континуитет се одигрувале на територијата на Македонија. Нашите историчари направиле хронолошки пресек на збиднувањата и на стремежите на македонските револуционерни дејци кои се бореле и гинеле за татковината.

Благодарение на научните согледби и автентичните илустрации, ние денес можеме да си создадеме една комплетна слика за херојските подвизи на нашите предци”, рече Раде Силјан-главен и одговорен уредник на едицијата „Македонски искушенија.

Ќе се печатат и 25 ексклузивни публикации што произлегоа од документарните филмови посветени на значајни личности и настани од македонската историја, а беа емитувани на Македонската  Радио Телевизија.

Оваа година го започнавме процесот на дигитализација и реставрација на видео архивата на МРТВ, која е од огромно значење како за самата телевизија, така и за државата. Илјадници видео архиви ќе станат достапни за граѓаните на Р. Македонија, архиви кои ја сведочат македонската историја, традиции и култура. За прв пат во современи лаборатории со модерни техники на виделина ќе излезе богатството од филмските ленти, кое ќе го направиме достапно за истражувачите и јавноста преку најсовремени видео платформи на интернет, а најеклатантен пример за разновидноста на архивата на Јавниот Сервис е објавувањето и на овој документарен серијал, кој е збогатен благодарение на нашата грижливо чувана 50 децениска архива”-истакна генералниот директор на МРТВ Марјан Цветковски.

Овие документарни филмови не враќаат во времето на мачната борба за слобода и на светлите моменти од поновата македонска историја- Илинденското востание и Крушевската република.

Новите четири тома на 1450 страници нудат авторски текстови, изворни документи и богат илустративен материјал, кои ќе останат како сведоштво за идните генерации”-рече министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

 Идејата е овие дела од капитално значење за нашата историографија да бидат преведени на повеќе странски јазици со цел светската јавност изворно да се запознае со долгиот и макотрпен процес на македонската борба за слобода.

Александра Перевска