мвр

Три лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

22.03.2026 18:54

Жена од главниот град пријавила дека нејзиниот маж ја фрлил по скали од вториот кон првиот кат на куќата, по што таа со повреди била пренесена на скопските клиники...

Нови тројца уапсени за семејно насилство и седум пријави во последново деноноќие. Маж од гостиварско е лишен од слобода откако физички ја нападнал неговата сопруга. Уапсен е и повозрасен жител на Неготино, кој под дејство на алкохол прво ја нападнал сопругата, а потоа и физички и се заканувал на 26 годишната ќерка. Пријави за физички напад од сопругот има и од жени во Гевгелија, Струмица, Скопје.

Жена од главниот град пријавила дека нејзиниот маж ја фрлил по скали од вториот кон првиот кат на куќата, по што таа со повреди била пренесена на скопските клиники.