Муцунски во дводневна официјална посета на Брисел
Министерот за надворешни Муцунски е во дводневна официјална посета на Брисел. Се очекува да се сретне со еврокомесарката за проширување Марта Кос и со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност Роксана Минзату. Во фокусот на разговорите и активностите за време на посетата ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, натамошната динамика на пристапниот процес, како и секторската соработка со институциите на Европската унија...

Министерот за надворешни Муцунски е во дводневна официјална посета на Брисел. Се очекува да се сретне со еврокомесарката за проширување Марта Кос и со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност Роксана Минзату. Во фокусот на разговорите и активностите за време на посетата ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, натамошната динамика на пристапниот процес, како и секторската соработка со институциите на Европската унија.
Муцунски во Брисел е придружуван и од министерот за земјоделство Трипуновски, кој се очекува да оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при европската комисија Вернер. Предвидени се и повеќе средби со пратеници во Европскиот парламент, како и брифинг на министерот Муцунски со претставници на земјите членки на работната група за проширување при Советот на Европската унија.
