Временска прогноза

Променливо облачно, попладне локални врнежи од дожд

23.03.2026 08:09

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец...

Променливо облачно, попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од минус два до пет, а максималната ќе достигне од девет до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.