Блиски Исток

Предупредување за опасност од енергетска криза

23.03.2026 09:20

Регулаторот предупредува, глобалната енергетска ситуација предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток е многу сериозна. Во тек се консултации со владите во Европа и Азија за можноста за ослободување на дополнителни резерви на нафта.

Меѓународната агенција за енергетика повикува на повторно отворање на Ормускиот теснец. Регулаторот предупредува, глобалната енергетска ситуација предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток е многу сериозна. Во тек се консултации со владите во Европа и Азија за можноста за ослободување на дополнителни резерви на нафта.

„Неодамна објавивме некои мерки, како можеме да ја намалиме побарувачката, но она што го правиме е, да бидам искрен, да го намалиме товарот врз економијата. Единственото најважно решение за овој проблем, како што стојат работите сега е отворањето на Ормускиот теснец“, изјави Фатих Бирол, извршен директор на Меѓународната агенција за енергетика.

Иран соопшти дека клучниот проток за извозот на нафта ќе биде целосно затворен доколку САД по налог на претседателот Трамп ги нападнат нивните електрани. Шефот на Белата Куќа доцна во саботата постави рок од 48 часа за отворање на теснецот. Израелската војска соопшти дека двете ракети што го погодија јужен Израел во саботата, при што беа повредени повеќе од 150 луѓе, се резултат на два одделни, неповрзани дефекти во системот за воздушна одбрана.

„Од нас се очекуваат уште недели борба против Иран и Хезболах. Со секој изминат ден, го ослабување терористичкиот режим се повеќе. Нема да дозволиме терористичкиот режим и неговите посредници да претставуваат закана за израелските граѓани и државата Израел“, изјави бригаден генерал Ефи Дефрин, портпарол на израелската војска.

Централната команда на САД објави нови видеа на кои се прикажани напади врз цели во Иран. Не запираат заканите за таргетирање на критичната инфраструктура.