Словенија

Голоб прогласи победа на парламентарните избори во Словенија

23.03.2026 14:04

Роберт Голоб прогласи победа на парламентарните избори со освоени најмногу гласови од страна на партијата, Движење за слободата. На второ место е партијата СДС на Јанез Јанша кој се пожали на пребројувањето на гласовите...

Актуелниот словенечки премиер Роберт Голоб прогласи победа на парламентарните избори со освоени најмногу гласови од страна на партијата, Движење за слободата. На второ место е партијата СДС на Јанез Јанша кој се пожали на пребројувањето на гласовите, тврдејќи дека постои разлика од 50.000 гласови помеѓу внатрешните пресметки на неговата партија и оние на Државната изборна комисија.

„Во Словенија, очекувањата беа високи. Нека ова ни биде инспирација, бидејќи стекнавме доверба. Овој тренд може да се промени и навистина можеме да размислиме за движење напред кон иднината под слободното сонце“, изјави Роберт Голоб, премиер на Словенија.

Во новиот парламентарен состав најверојатно ќе влезат неколку партии со што се очекуваат сложени преговори за формирање влада. Во центарот на вниманието во предизборието се најде аферата со израелската приватна разузнавачка компанија „Блек Кјуб“, за која словенечките власти тврдат дека била вклучена во изборниот процес преку надзор и прислушување.