САД
Авион на Ер Канада се судри со аеродромско возило на аеродромот Ла Гвардија во Њујорк
23.03.2026 09:46
Федералната агенција за воздухопловство објави дека авионите се пренасочуваат кон други аеродроми или се враќаат кон местото на полетувањето...

Инцидент на аеродромот Ла Гвардија во Њујорк. Авион на компанијата „Ер Канада експрес“ се судри со возило за спасување и гасење пожари на пистата. Веднаш биле активирани итните протоколи и аеродромот бил затворен за да се овозможи интервенција и да се спроведе детална истрага.
Федералната агенција за воздухопловство објави дека авионите се пренасочуваат кон други аеродроми или се враќаат кон местото на полетувањето.
