СЕХА шампионска лига
Кога половина екипи играат и во елинтата лига на шампионите, кога кон Вардар, Металург, Загреб, Веспрем и Мешков ќе се придодадат и секогаш моќниот Татран и непредвидливиот Нексе, тогаш е јасно зошто СЕХА регионалното натпреварување носи квалитет и неизвесност како и најмоќните лиги во Европа.

Кога половина екипи играат и во елинтата лига на шампионите, кога кон Вардар, Металург, Загреб, Веспрем и Мешков ќе се придодадат и секогаш моќниот Татран и непредвидливиот Нексе, тогаш е јасно зошто СЕХА регионалното натпреварување носи квалитет и неизвесност како и најмоќните лиги во Европа. Можеби е во втор план, приоритетеите секако се во Лигата на европските шампиони, но уште на стартот се потврди дека и желбата за превласт во регионот е посилна од клупските зацртани приоритети, што се покажа низ неколку средби одиграни на највисоко рамниште како да станува збор за финале во некое натпреварување. Сетете се само на натпреварот Вардар-Металург, потоа гостувањето и убедливиот пораз на Вардар во величенствената атмосвера во Веспрем, домашниот пораз на Загреб од Татран. Се само не калкулирање.
Потврда се и 12-те погодоци на Момир Илиќ, фрустрираноста на Дибиров, жестоката игра во одбраните на работ на опасност од повреди, борбата до последен здив. А сепак станува збор само за почеток на долгата напорна сезона со битка на неколку фронтови.Но, ако денот по утрото се познава тогаш почетокот е одличен вовед во она што претстои. А претстојат нови искушенија и предизвици. В сабота во Веспрем арена од 16 часот гостува Металург.
Македонскиот шампион може се само не и да си поигрува со реномето, па поучени од искуството на вардарци ќе мора да одиграат најквалитетно и на највисоко ниво досега. Нема друго ниту за црвено црните кои в недела од 20 и 15 во Кале ќе го пречекаат Нексе , да ги залечат унгарските рани и да се вратат на победничките патеки.. Двете средби ќе бидат пред очите на јавноста со посредство на македонската телевизија. Армијата ракометни вљубеници не ја интересираат клупските приоритети, ротациите, па и фактот што за 10-тина дена двете екипи ќе стартуваат во логата на шампионите. Победите се бројат,тие се сатисвакција и го прават денот убав, без оглед за кое натпреварување станува збор.
