Фудбал
Македонските фудбалери ги почнаа подготовките за мундијалските баражи
23.03.2026 10:10
Новиот селектор, Гоце Седлоски и неговите избраници вчера го одржаа првиот тренинг во тренинг-центарот „Петар Милошевски“...

Македонската репрезентација го означи стартот на подготовките за клучниот бараж дуел против Данска. Новиот селектор, Гоце Седлоски и неговите избраници вчера го одржаа првиот тренингво тренинг-центарот „Петар Милошевски“.
Претстојниот натпревар против Данска се смета за еден од најзначајните за македонскиот фудбал во последните години. Средбата е закажана за 26-ти март во Копенхаген, а евентуална победа би значела чекор до пласман на Светското првенство.
