Македонија

Македонската навигација е подготвена да одговори на сите евентуални сценарија

23.03.2026 16:50

Поскапо гориво ги приземји авионите на дел од светските компании, но и кај нас на компанијата „Виз Ер“. Тоа на места ќе го интензивира авиосообраќајот, на места ќе го прекине. Чуварите на македонското небо уверуваат дека дури 85 авиони за еден час може да бидат примени, а комплексноста се зголемува поради логистиката што ја даваат при слетувањата во соседна Грција или Турција.

Поскапо гориво ги приземји авионите на дел од светските компании, но и кај нас на компанијата „Виз Ер“. Тоа на места ќе го интензивира авиосообраќајот, на места ќе го прекине. Македонската навигација е подготвена да одговори на сите евентуални сценарија, вели за МТВ Мијат Крстевска контролор на кула и приодна контрола.

Чуварите на македонското небо уверуваат дека дури 85 авиони за еден час може да бидат примени, а комплексноста се зголемува поради логистиката што ја даваат при слетувањата во соседна Грција или Турција. Другото сценарио не може да е полошо од времето на короната.

За да се избегне небезбедната зона на Блискиот Исток, летовите се поместуваа на десно или на лево. Токму на лево би го усложнило авиосообраќајот кај нас бидејќи сме своевидна крстосница на многу прелети. Постојат високо технолошки помагала кои ги планираат, но сепак стручноста и компетентноста мора да се на највисоко ниво. Ова не е ново за нашите контролори бидејќи се соочиле со ваква ситуација уште со почетокот на војната во Украина.

Сепак, секој што ќе има среќа да отпатува треба да е сигурен, вели нашата соговорничка, дека летовите кои се одобрени се безбедни, дури и кога при самиот лет почне некој конфликт бидејќи пилотите и тие што контролираат од земја знаат каде и како воздухопловот да слета безбедно.

Фиљана Кока