Повисоки цени на електричните апарати за домаќинствата во 2015-та

15.09.2014 15:35

Се најавуваат зголемени цени на електричните апарати за домаќинство и електронска техника во 2015-та. Се уште не се знае колкаво ќе биде поскапувањето. Со новиот Закон увозниците ќе треба да го собираат и рециклираат нивниот електронски отпад.

Производителите и увозниците на електрична електронска опрема до крајот на годинава ќе треба да се организираат како колективни или самостојни постапувачи за управување со отпадна електронски опрема, информираше денеска на прес-конференција раководителот на секторот за отпад при Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Каранфилова-Мазневска.

„Законот за управување со електрична електронска опрема и отпадна електрична електронска опрема е донесен во јануари 2013 година, а се применува од јануари 2014 година. Производителите и увозниците на електрична електронска опрема, од кои 95 проценти се увозници, а мал дел производители од 1 јануари 2014 година имаат обврска да бидат регистрирани во МЖСПП. Врз основа на тој регистар од наредната година производителите ќе треба да платат одреден надомест за производите кои што се увезени или произведени во Македонија“, истакна Каранфилова-Мазневска.

Годишно во државава се увезуваат 33 илјади тони електронска и 5 илјади тони комјутерска опрема.