ФЗО со засилени контроли за боледувањата
По барање на МВР, ФЗОМ контролирало боледување на нивни вработени, 37 проценти биле неуредни. Од 105 здравствени установи 29 имаат пропусти во работењето, како и две комисии кои ги продолжувале боледувањата.

Вработен во МВР 4 пати сменил матичен лекар, ги барал низ државата оние што без проблем отвораат боледувања. Докторот станувал лош кога ќе го одбиле неговото барање. Но тој не бил единствен, вкупно кај 29 осигуреници инспекторите на ФЗОМ откриле 100 неуредно издадени боледувања. По пријава на МВР се проверувале отсуства на вкупно 80 лица кои имале 514 боледувања.
Фондот направил контрола во 105 приватни здравствени установи.
Здравствените установи што отворале боледувања без потребна документација ќе бидат казнети. Во тек се постапки за казни во вкупен износ од 20 илјади евра. Инспектори на фондот влегле и во Министерство за одбрана и царинската управа каде што има слични примери како во МВР. На вработените во државните установи при боледување им се исплаќа цела плата или им се крати 10 до 20%.
Наташа Јанчиќ-Менковски
