Енергетика

Владата прогласи кризна сосотојба

23.03.2026 17:05

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба и го намали ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти со цел ублажување на ценовниот шок. Премиерот Христијан Мицкоски најавува дека се можни и дополнителни мерки доколку состојбата се влоши, додека надлежните уверуваат дека електроенергетскиот систем е стабилен. Во меѓувреме, се очекуваат нови одлуки за цените, а опозицијата бара уште порадикални мерки за заштита на граѓаните.

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба. Меѓу првите одлуки намалување на ДДВ на горивата од 18 на 10% проценти, но премиерот Мицкоски не исклучува носење дополнителни мерки доколку се влоши ситуацијата со цената и снабдувањето со нафтените деривати, но уверува оти електроенергетската состојба во земјата е стабилна и нема да се дозволи нов ценовен шок. Според пресметките, заштедите на дневно ниво се над 200 илјади евра.

Регулаторна ги објави цените на горивата. Бензините остануваат иста цена додека нафтата поскапува за 3, 5 денари. Од полноќ еуросупер бс – 95 ќе се продава по цена од 86,50 денари литар еуросупер бс – 98 88,50 денари, a еуродизел бс по 95,50 денари, екстра лесното масло 92,00 денари, соопштија од РКЕ. Комисијата го промени и правилникот за формирање на цената на горивата и сега може да се одлучува на дневно ниво. Министерката Божиновска во обид да го увери раководството на ОКТА да даде дополнителен попуст за граѓаните кои ги користат услугите на компанијата, откако претходно намалување изнесуваше два денари по литар за дизелот и бензините. Од Енергетика велат дека во тек се разговори за нов пакет услови со кои би се постигнал уште посилен ефект врз стабилизацијата на цените на горивата, особено кај дизелот.

Од СДСМ повторно повик Владата да ги прифати предложените мерки, 0% ДДВ за храната и намалување на акцизите.

Викторија Милевска