Реконструкција на Владата пред лето, најави премиерот Мицкоски
Реконструкција на Владата пред лето, најави премиерот Мицкоски. Во мај или јуни кој од министрите ќе замине од „Илинденска“, а кој ќе ја ротира министерската фотелја во друго министерство...

Во мај или јуни ќе се случи реконструкција на Владата, по што ќе се знае кој од министрите ќе замине од илинденска, а кој ќе ја ротира министерската фотелја во друго министерство. Многу од прашањата за време и пред реконструкцијата ќе бидат ставени на маса и ќе разговараме за тоа – рече премиерот Мицкоски, при тоа посочувајќи дека партнерите имаат коректна соработка и нема намера да разговара со друг политички субјект за влез во владината коалиција.
Во меѓувреме во Бугарија и нивните европратеници владее вознемиреност поради амандманите на набљудувачот Томас Вајц во извештајот за напредокот на земјава. Премиерот Мицкоски вели ве молам пристапувајте внимателно.
И додека бугарските политичари се обидуваат да влијаат врз извештајот за Македонија во Брисел. Македонскиот премиер вели за ова, пред време го предупредив Вајц што ќе се случува.
Миле А. Ристески
