Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди
24.03.2026 08:09
Претежно во планинските региони ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 1 до 7, а максималните ќе достигнат од 8 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
