Данска

Предвремени парламентарни избори во Данска

24.03.2026 14:35

Лидерката на Социјалдемократската партија и актуелна премиерка Мете Фредериксен бара трет последователен мандат, а нејзин главен опонент е лидерот на десно-центристичката Либерална партија и министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.

Предвремени парламентарни избори во Данска. Лидерката на Социјалдемократската партија и актуелна премиерка Мете Фредериксен бара трет последователен мандат, а нејзин главен опонент е лидерот на десно-центристичката Либерална партија и министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.

Данскиот парламент има 179 места од кои две се резервирани за Гренланд и две за Фарски Острови, што би можеле да бидат одлучувачки. Според анкетите не се очекува Социјалдемократите да обезбедат мнозинство.

Иако изборите се одржуваат во услови на зголемени тензии помеѓу Данска и САД за Гренланд, главна тема во кампањата беа економските политики и стандардот на граѓаните.