ОН: Нападите врз нуклеарната централа Запорожје носат потенцијално катастрофални последици
Обединетите нации велат дека бројот на цивилни жртви во Украина надминал 15.000, а повеќе од 44.000 цивили се повредени. Нападите врз енергетската инфраструктура на земјата, исто така, се зголемиле во последните месеци, при што штетите ја доведоа енергетската мрежа на на работ на колапс.

Обединетите нации велат дека бројот на цивилни жртви во Украина надминал 15.000, а повеќе од 44.000 цивили се повредени. Нападите врз енергетската инфраструктура на земјата, исто така, се зголемиле во последните месеци, при што штетите ја доведоа енергетската мрежа на на работ на колапс. Упатено предупредување дека нападите врз нуклеарната централа Запорожје носат потенцијално катастрофални последици.
„Поминаа повеќе од четири години од целосната инвазија на руската федерација врз украина, речиси 1500 дена смрт, уништување и очај..вистинскиот број на жртви е веројатно значително поголем. Само во февруари оваа година, најмалку 188 цивили беа убиени, а 757 повредени, што е зголемување од 45% во споредба со истиот период изминатата година“, изјави Розмари Дикарло, заменик-генерален секретар за политички и мировни прашања.
Украинскиот претседател Зеленски тврди дека Русија планира да распореди дополнителни копнени станици за контрола на беспилотни летала со долг дострел, како на територијата на Украина, така и во Белорусија.
„Постојат информации од нашите разузнавачки служби дека русите можеби подготвуваат масовен напад.потребните наредби веќе се дадени на нашите сили за воздушна одбрана“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Од друга страна, портпаролката на руското МНР, Захарова, изјави дека украинскиот конфликт би можел да заврши со меѓународно формализиран договор, во форма на капитулација на властите во Киев.
