Македонија
Тошковски и Јаневска на настан за подигање на свеста за ризиците од оружје
24.03.2026 10:55
Министерот Тошковски и министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе учествуваат на настан за подигнување на јавната свест за ризиците од употреба на мало и лесно оружје.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе учествуваат на настан за подигнување на јавната свест за ризиците од употреба на мало и лесно оружје.
Настанот ќе се одржи во СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје со почеток во 12 часот.
Со овој настан се означува почетокот на кампањата на ОБСЕ за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотребата на мало и лесно оружје.
