Нетанјаху: Израел ќе продолжи да ги напаѓа Иран и Либан
И покрај тоа што САД размислуваат за прекин на огнот, Израел ќе продолжи да ги напаѓа Иран и Либан, вели израелскиот премиер. Изјавата следува по телефонскиот разговор Трамп-Нетанјаху откако шефот на Белата Куќа го запре воениот притисок врз Техеран со продолжување на рокот за повторно отворање на Ормускиот теснец и одложување на нападите врз иранските електрани за уште пет дена.

Израел ќе продолжи да ги напаѓа Иран и Либан и покрај тоа што САД размислуваат за прекин на огнот, вели израелскиот премиер. Изјавата следува по телефонскиот разговор Трамп-Нетанјаху откако шефот на Белата Куќа го запре воениот притисок врз Техеран со продолжување на рокот за повторно отворање на Ормускиот теснец и одложување на нападите врз иранските електрани за уште пет дена.
„Претседателот Трамп верува дека постои можност да се искористат значајните достигнувања на израелските одбранбени сили и војската на сад за да се остварат воените цели во договор што ќе ги заштити нашите витални интереси. Во исто време, ние продолжуваме да напаѓаме, и во Иран и во Либан. Ја уништуваме ракетната и нуклеарната програма и продолжуваме сериозно да му нанесуваме штета на Хезболах“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Трамп вели дека САД преговараат со почитуван ирански лидер, но Техеран негира какви било разговори и рече дека американскиот претседател се повлекува по нивните предупредувања и се надева дека ќе ги увери финансиските пазари со лажни вести. САД го одредиле 9-ти април како можен датум за завршување на војната со Иран, објавија израелски медиуми.
