Франција

Земјотрес со јачина од 4,7 ја погоди Франција

24.03.2026 11:51

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри и на 35 километри од градот Орлеанс.

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди денес Франција, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри и на 35 километри од градот Орлеанс.

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.