корупција

Чучуљ бара кандидати со интегритет за ДКСК

24.03.2026 13:06

Откако огласот за нов член на Антикорупциска беше поништен поради сомнеж за кандидати, кои се и партиски донатори, првиот човек на ДКСК, Чучуљ се надева дека составот на Комисијата наскоро ќе биде комплетиран. Тој бара кандидати со интегритет...

Антикорупционерите се надеваат дека законодавецот ќе води сметка за итноста од избор на член на комисијата и дека овојпат ќе успее да го избере кандидатот со интегритет кој е најважен како критериум, вели првиот човек на Антикорупциска, Чучуљ. Според него би требало да бидат комплетирани многу скоро. Изборот за член на комисијата пропадна откако кандидатката Антонија Андонова Тасевска на јавното сослушување не се сеќаваше дали предизборно во 2017 донирала на ВМРО-ДПМНЕ 25.000 денари. Па собраниската комисија за избор и именување го поништи целиот оглас.

Првиот човек на Финансиската полиција, Ивановски со апел за менување на институционалниот менталитет. Секој мора да се плаши од законот, а не од влијателни поединци и затоа големите криминали треба да се приоритет, додава.

Експертите се согласни дека формулата е посилни механизми против корупцијата и подобра институционална поврзаност затоа што граѓаните мора да имаат доверба дека пријавата ќе резултира со завршница без последици за нив.

 

Фиљана Кока