Браќа Манаки

„До Балчак“: Успешна премиера и препукувања

15.09.2014 16:41

И по успешната премиера на филмот „До балчак“ на Столе Попов, не стивнаа препукувањата меѓу режисерот и директорката што започнаа уште на отворањето на фестивалот. Изутрината кавгата кулминираше кога Попов за црвениот тепих рече дека не е ништо друго освен селска модна ревија, на што Митевска остро се спротивстави.

Наместо задоволство од успешниот прием кај публиката на долгоочекуваниот македонски филм До Балчак, ново препукување меѓу директорката на фестивалот и режисерот на филмот. Лабина Митевска жестоко регираше кога Столе Попов на денешната прес конференција рече дека е незадоволен од неговиот пречек на отворањето на фестивалот, а црвениот тепих го доживувал како отворена селска модна ревија.

Инаку синоќешната премиера предизвика громогласен аплауз во преполната сала. Задоволството не го криеја сите оние кои што учествуваа во  создавањето на ова дело најавувано како спектакл. Режисерот Попов, кому ова филмско остваравање му се случува по долги години пауза, смета дека првите претстави го дават сигналот, дали филмот ќе има долг век.

Од финалниот производ задоволни и директорот на фотографијата и словенечката актерка која играше еден од главните ликови.                                                           

„Една непосредна работа, една т.н. примарна реалност, со исклучок на некоја од сцените кајшто можете да забележите дека светлината доаѓа од некаде, од никаде“, рече Апостол Трпевски, директор на фотографија.

„И постарите и помладите генерации актери во Македонија се извонредни. И ние во Словенија имаме мала продукција и знаеме дека колку помалку работиш толку помалко учиш, но овде навистина бев изненадена“, вели Интиша Ајф, актерка од Словенија.

Должината на филмот, според авторите, е главната причина што со него не беше отворен фестивалот. Но сега најважно е „До балчак“ што повеке да биде присутен во кино салите ,затоа што само  така ќе можат што поскоро да се подмират долговите.

Стевче Митревски