Народна банка ја следи ситуацијата со инфлацијата
Растот на цената на енергенсите ги стави и централните банките на тест. Поскапуваат храната, транспортот, услугите, се зголемува опасноста од зголемување на инфлацијата...

Одржување на ценовната и финансиската стабилност се клучни приоритети за Народна банка. Инфлацијата се смирува, но постојат ризици поради глобалната економска неизвесност. Неопходна е внимателна монетарна политика во координација со фискалните мерки, вели гувернерот Славески. НБРМ располага со девизни резерви за 70 насто повисоки од пред пандемијата за одбрана на девизниот курс.
Лекциите се научени од претходните кризи, па ако се продлабочи кризата и при ценовен шок, ќе се заштитат ранливите категории на граѓани и погодените сектори-уверува гувернерот.
Владата е во координација со политиките на НБРМ за контрола на инфлацијата и носење мерки.
Александра Велинова
