Прва фудбалска лига – генерална слика
Вардар без пораз, Тетекс без победа. Двата триумфа на Работнички и на Турново се најдолгите успешни серии, петте загубени едноподруго ја ставаат Брегалница на другата страна на медалот. Со скратувањето на Првата фудбалска лига на Македонија можеби и не е изненадувачки ако осум екипи се на дистанца од шест бода по седум одиграни кола. Брегалница и Тетекс заостануваат и засега не даваат придонес во изедначеноста на првенството.

Вардар покажа најмногу, Шкендија се уште фаќа залет. Пелистер и Силекс котираат повисоко од очекувањата, Металург почна да го плаќа данокот на ослабениот состав и на подолгата евросезона. Работнички влегува во ритам, а се разбуди и Турново којшто по лошиот почеток освои десет од можните 12 бода на претходните четири средби. Во кругот на екипи што значително можат да го поправат или да го расипат пласманот со само еден меч е и Ренова. Вчерашниот бод на тетовци на гостувањето во главниот град ја покажа ранливоста на Вардар којшто важи за прв фаворит за престолот, а славеше само еднаш на последните четири натпревари. Ваквата слика му дава уште поголема тежина на осмото коло. Работнички – Вардар и Пелистер – Шкендија се дерби пресметките на врвот. Не помало значење ќе имаат и дуелите: Ренова – Турново, Силекс – Брегалница и Тетекс – Металург.