Црвен крст

Недостигот на знаење за прва помош може да чини живот

24.03.2026 17:53

Мора да се зголемат знаењето и подготвеноста на граѓаните да даваат прва помош. Додека се чекаат стручните екипи и медицински тимови, некогаш, задоцнетата реакција чини живот. Црвениот крст ги интензивираше обуките.

Разликата меѓу живот и смрт понекогаш е само знаење. Недостигот на знаење за прва помош може да чини живот поради задоцнетата реакција. Затоа, граѓаните мора да имаат познавања за давање прва помош.

Интерес за обуки има, велат од Црвен крст – во сите фирми со најмалку 20 вработени, еден мора да биде обучен по прва помош.

Незнаењето и паниката се најголем ризик, важно е граѓаните да останат смирени и веднаш да повикаат Итна медицинска помош.

Секој може да биде херој само треба да знае како да помогне. Од Црвениот крст апелираат граѓаните да посетуваат обуки бидејќи овие вештини може да спасат живот.

Ана Јосифоска