Тошковски: Анакиев е фатен на дело при рекет и поткуп, функционерот ги засрами граѓаните
Директорот на Инспекторатот за земјоделство, Васе Анакиев на дело беше фатен при рекет и со тоа, тој го засрами својот народ – министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во случајот гледа доказ за неселективна борба против криминалот и корупцијата и порачува – сега, нема недопирливи пред законот…

МВР најави неселективна борба против корупцијата од функционерите коишто го срамат својот народ, иако назначени да му служат на народот, го изневериле за сопствена корист. Нема недопирливи, вели министерот за внатрешни Тошковски.
Го посочи случајот со приведениот директор на Инспекторатот за земјоделство, Васе Анакиев, којшто на дело беше фатен со 50 илјади евра поткуп во организирана акција меѓу МВР и Обвинителството.
Ова не е единствен случај на корупција на високи функционери, додава Тошковски. МВР со заложба дека нема да биде единствен ако некој ги прекршил законот и функцијата. Анакиев пак, заврши во 30-дневен притвор.
Ирина Гелевска
