Уставен суд

Политичките услови за уставни промени не се исполнети

24.03.2026 18:08

Македонскиот Уставен суд е единствениот во Европа без посебен закон за него. За да се промени тоа, но и за да се воведе уставна жалба е потребно отворање на највисокиот правен акт. Но, премиерот Мицкоски е категоричен – во моментов, политичките услови за такво нешто не се исполнети.

И Уставен и Владата на иста линија – потребно е воведување на уставна жалба и посебен закон што ќе ја регулира работата на Судот. Тоа би значело – штом граѓаните ги искористат алатките што ги нудат редовните судови, преку тужба до Уставен да бараат заштита на правата – како слобода на говор, еднаквост, право на фер судење. Костадиновски со став: специјалниот закон треба да ги инкорпорира шесте уставни одредби, бидејќи сме единствени во Европа без такво правно решение.

Волја има, но нема услови. Премиерот Мицкоски се согласува со предложеното, но вели дека во овој момент не може да се отвори Уставот за да се вметнат новините.

Меѓународниот фактор во земјава го поддржува реформскиот процес и унапредувањето на правната рамка.

Анита Димитријевска - Велковска