ДЗР утврди неправилности во работењето на ДИК за 2024 година
Државниот ревизор утврди сериозни неправилности во работењето на Државната изборна комисија за 2024 година...

Наместо за изборни активности, 2,1 милион евра отишле за политичко рекламирање. Државниот ревизор утврди сериозни неправилности во работењето на Државната изборна комисија за 2024 година. Пописот на имот не бил спроведен согласно со законот, дел од недвижностите воопшто не биле проценети. Извештаите на изборните органи биле без основни документи како фискални сметки, патни налози или записници, што го отежнува следењето на трошењето на јавните пари.
Ревизорите констатирале пропусти и со јавните набавки, меѓу кои и на софтверот за обработка на изборни резултати – условите не биле јасно дефинирани, а договорот бил потпишан пред да се обезбеди банкарска гаранција. Уредите за биометриска идентификација, пак, се чувале во несоодветен простор.
