Временска прогноза

Променливо облачно со подолги сончеви периоди

25.03.2026 08:15

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен северен ветер.