Судница „Идризово“

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

25.03.2026 08:00

Во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката пулс во Кочани во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште беа сослушани сведоци предложени од Обвинителството...

Во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката пулс во Кочани во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште беа сослушани сведоци предложени од Обвинителството. 

Вработен во Дирекцијата за заштита и спасување изјави дека според негови сознанија дирекцијата нема вршено инспекциски надзори врз кабареа и дискотеки во Македонија се до пожарот во Кочани.